Дела Ап. 2:42-47 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. И беа постојани во апостолското учење и општувањето; и во раскршувањето на лебот и во молитвите.

43. А страв влезе во секоја душа, зашто апостолите правеа многу чудеса и знаци.

44. А сите кои поверуваа беа заедно и сè им беше општо.

45. И продаваа стоки и имоти и тоа го делеа на сите, секому според неговата потреба.

46. И секој ден беа постојано и еднодушно во Храмот; раскршуваа леб по домовите и примаа храна со радост и просто срце,

47. фалејќи Го Бога беа омилени кај сиот народ. А секој ден, Господ ги додаваше оние, кои се спасуваа.

Дела Ап. 2