Дела Ап. 2:10-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Фригија и Памфилија, Египет и од краиштата на Ливија, околу Киринија; и Римјаните кои дошле, Јудејците и прозелитите,

11. Критјаните и Арабјаните: ги слушаме како зборуваат на нашите јазици, за големите Божјите дела.”

12. Сите се восхитуваа и во недоумение си велеа еден на друг: „Што може да биде ова?”

13. Други пак се подсмевнуваа и велеа: „Се напиле слатко вино!”

14. А Петар стана, со Единаесетмината, и го поткрена гласот и им рече: „Јудејци и сите вие, кои живеете во Ерусалим! Знајте го ова и послушајте ги моите зборови!

15. Овие луѓе не се пијани, како што мислите вие - зашто е едвај третиот час на денот -

16. туку тоа е кажаното преку пророкот Јоил:

17. ’Во последните денови - вели Господ - ќе излеам од Својот Дух на секое тело, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат, и вашите младинци ќе гледаат виденија, а вашите старци ќе сонуваат соништа.

Дела Ап. 2