Дела Ап. 19:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога Аполос беше во Коринт, Павле, откако ги помина горните области, дојде во Ефес, и тука најде некои ученици.

2. Им рече: „Дали Го примивте Светиот Дух, кога поверувавте?” Му одговорија: „Не сме ни чуле дека дошол Светиот Дух.”

3. Уште им рече: „А во што се крстивте?” А тие рекоа: „Во Јовановото крштавање.”

4. А Павле рече: „Јован крштаваше покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој ќе дојде по него, односно во Исуса.”

Дела Ап. 19