Дела Ап. 15:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Кога стигнаа во Ерусалим, беа примени од црквата, од апостолите и старешините; и раскажаа сè што направил Бог со нив.

5. Тогаш станаа некои од фарисејската следба, кои поверуваа, и рекоа, дека треба да бидат обрезани и да им се нареди да го пазат Мојсеевиот Закон.

6. Апостолите и старешините се собраа да ја разгледаат таа работа

7. и бидејќи настана големо расправање, Петар стана и им рече: „Мажи, браќа! Вие знаете дека Бог веќе од првите денови ме избра меѓу вас, за да го чујат народите од мојата уста словото на Евангелието и да поверуваат.

Дела Ап. 15