18. Познати Му се на Бога сите Негови дела од вечноста.’
19. Затоа сум на мнение дека не треба да ги вознемируваме оние, кои од многубошците Му се обраќаат на Бога;
20. туку да им се напише да се воздржуваат од она, што е онечистено од идолите, од блудство, од удавено и од крв.
21. Зашто Мојсеј има проповедници, од дамни времиња, во секој град: го читаат во синагогите, секоја сабота.”
22. Тогаш апостолите и старешините, со целата црква, одлучија да изберат меѓу себе некои луѓе и да ги испратат со Павла и Варнава во Антиохија: Јуда, наречен Варсава, и Сила, водечки луѓе меѓу браќата,
23. и по нив го испратија ова писмо: „Апостолите и старешините, ваши браќа, ги поздравуваат браќата од народите во Антиохија, Сирија и Киликија!
24. Бидејќи чувме дека некои од нас, на кои ништо не им заповедавме ве збуниле со зборови и ги смутиле вашите души,