Дела Ап. 14:24-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Потоа поминувајќи низ Писидија, дојдоа во Памфилија;

25. и, откако го проповедаа словото во Перга, слегоа во Аталија;

26. а оттаму отпловија во Антиохија, откаде и беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.

27. И кога пристигнаа и ја собраа црквата, раскажаа, што сè направил Бог со нив, и како им ја отворил вратата на верата на народите.

28. И останаа подолго време со учениците.

Дела Ап. 14