Дела Ап. 13:47-52 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

47. зашто Господ ни заповеда така: ‘Те поставив за светлина на народите, да им бидеш спасение до крајот на земјата.’

48. Кога народите го чуја тоа, се радуваа и го славеа Господовото слово и поверуваа мнозина, кои беа определени за вечниот живот.

49. И Господовото слово се распространуваше по целата земја.

50. А Јудејците ги поттикнаа угледните и побожните жени и градските првенци, и подигнаа гонење против Павла и Варнава, и ги изгонија од своите предели.

51. Овие го истресоа правот од своите нозе против нив и дојдоа во Иконија.

52. А учениците се исполнија со радост и со Светиот Дух.

Дела Ап. 13