Дела Ап. 12:22-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. А народот извика: „Глас Божји, а не човечки!”

23. Тогаш веднаш, Господов ангел го удри, зашто не му воздаде слава на Бога, и беше изеден од црви и издивна.

24. А Божјото слово растеше и се умножуваше.

25. А Варнава и Савле, откако ја исполнија службата, се вратија од Ерусалим, земајќи го со себе Јована, наречен Марко.

Дела Ап. 12