Дела Ап. 11:6-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Кога погледнав во него и разгледав, видов во него четвороножни земни животни, и ѕверови, и лазачи и небесни птици.

7. И чув глас, кој ми рече: „Стани, Петре! Коли и јади!”

8. А јас реков: „Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во мојата уста.

9. Тогаш гласот од небото ми рече по вторпат: „Она што Бог го очистил, не наречувај го нечисто!”

10. Тоа се случи трипати и пак сè беше одвлечено горе на небо.

11. И, ете, во тој час три човека, испратени од Ќесарија до мене, застанаа пред куќата во која бевме.

Дела Ап. 11