Даниел 9:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Јас зборував уште, молејќи се и исповедувајќи ги моите гревови и гревовите на мојот народ Израел и заколнувајќи го срдечно Господа, мојот Бог, за Светата Гора на мојот Бог.

21. И така додека јас уште зборував молејќи се, оној човек, Гавриел кого го видов во почетокот на привидот, долета со брзо летање, ме допре во времето на вечерниот принос

22. и ме поучи: „Даниеле, еве ме: дојдов да те поучам.

23. Од почетокот на твојата молитва излезе слово, и јас дојдов да ти го навестам. Ти си љубимец. Внимавај добро на словото, разбери го видението.

Даниел 9