Даниел 9:11-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Сиот Израел го престапи Твојот Закон, се одметна не слушајќи го Твојот глас, затоа врз нас се излеа клетвата и проклетството, како што е запишано во Законот на Мојсеј, Божјиот слуга - зашто згрешивме пред Него.

12. Ги исполни своите слова кои што ги рече за нас и за нашите судии кои ни судеа: навали врз нас тешка несреќа каква што не се случила под небото како што се случи во Ерусалим.

13. Сета оваа беда, како што е запишано во Мојсеевиот Закон, дојде на нас, а ние не го молевме Господа, нашиот Бог: за да се одвратиме од нашите беззаконија па да ја сознаеме Твојата вистина.

14. Господ ја набљудуваше таа беда и ја доведе врз нас. Зашто праведен е Господ, нашиот Бог, во сите Свои дела што ги направи, а ние не го слушавме Неговиот глас.

15. А сега, Господи, Боже наш, Кој со Твојата силна рака го изведе Твојот народ од Египетската Земја - и со тоа си придоби Име кое трае до денес: ние согрешивме, ние направивме зло.

16. Господи, според сета Твоја правда одврати ги Твојот гнев и Твојата јарост од Ерусалим, од Твојот град, од Твојата Света Гора, зашто заради нашите гревови и беззаконијата на нашите татковци, Ерусалим и Твојот народ се за срам на сите кои не опкружуваат.

Даниел 9