Даниел 2:32-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Главата на кипот беше од чисто злато, градите и рацете од сребро, стомакот и бедрата од бронза,

33. нозете од железо, а стапалата делумно од железо, делумно од глина.

34. Ти набљудуваше: одненадеж се одвали камен а да не го допре рака, па удри во кипот, во стапалата од железо и глина, та го скрши.

35. Тогаш наеднаш се здроби железото и глината, бронзата, среброто и златото, и сè стана како плева на гумно лете, и ветерот го однесе сето без трага. А каменот што удри во кипот стана голема гора та ја наполни сета земја.

36. Тоа беше сонот; а неговото значење ќе го кажеме пред царот.”

Даниел 2