Даниел 2:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. а Даниел отиде кај царот и го замоли да му даде време та ќе му го протолкува сонот.

17. И Даниел влезе во својата куќа та им кажа сè на Ананиј, Мисаил и Азариј, на своите другари,

18. за да молат милост од Небесниот Бог заради таа тајна, за да не загинат Даниел и неговите другари со другите вавилонски мудреци.

19. И му се јави тајната на Даниел во ноќно видение. А Даниел го благослови Небесниот Бог.

Даниел 2