Даниел 12:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тогаш ќе се разбудат мнозина кои спиеја во земниот прав; едни за вечен живот а други за срам и вечен презир.

3. Разумните ќе блескаат како сјајниот небесен свод, и кои ги учеа мнозината на праведност, како ѕвезди довека, во сета вечност.

4. А ти, Даниеле, пази ги во тајност овие зборови и запечати го овој книжен свиток до времето на свршетокот!”

5. Јас, Даниел, погледнав кога ете: други двајца стоеја едниот од едната, другиот од другата страна на реката.

Даниел 12