5. Царот им одреди дневно следување од царските јадења и од виното од својот стол. Нека ги воспитуваат три години, а потоа ќе стојат пред царот.
6. Меѓу нив беа Јудејците: Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј.
7. Старешината на придворниците им даде имиња: Даниел ќе се вика Валтазар, Ананиј Седрах, Мисаил Мисах, Азариј Авденаго.
8. Даниел одлучи во срцето дека нема да се оскверни со царските јадења и со виното од неговиот стол, па го замоли дворскиот старешина да го поштеди та да не се оскверни.
9. Господ му даде на Даниела та најде благонаклоност и милост кај старешината на придворниците.