Даниел 1:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Тогаш Даниел му рече на чуварот, кого старешината на придворниците им го беше одредил на Даниела, Ананија, Мисаила и Азарија:

12. „Те молам, обиди се со своите слуги десет дни: нека ни даваат зеленчук за јадење и вода за пиење.

13. Тогаш ќе видиш какви ќе бидеме ние а какви момчињата кои јадат од царските јадења, па направи со своите слуги според она што ќе видиш.”

14. Тој се согласи и ги остави на испитување десет дни.

15. А по десет дена тие беа поубави и позгоени отколку момчињата кои јадеа од царските јадења.

Даниел 1