Броеви (4 Moj.) 7:87-89 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

87. Сиот добиток за паленици: дванаесет јунци, дванаесет овни, дванаесет едногодишни јагниња, со лебните приноси. За жртвата за грев: дванаесет јарци.

88. Сиот добиток за помирителната жртва: дваесет и четири јунци, шеесет овни, шеесет јариња и шеесет јагниња годиначиња. Тоа беа приносите за осветување на жртвеникот по неговото помазание.

89. Кога Мојсеј влегуваше во Шаторот на средбата, за да разговара со Бога, слушаше како му зборува глас одозгора од Покривот што беше на Ковчегот на сведоштвото, меѓу двата херувима. Тогаш му зборуваше.

Броеви (4 Moj.) 7