Броеви (4 Moj.) 7:79-83 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

79. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

80. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

81. еден јунец, еден овен, едно јагне од една година, за паленица;

82. еден јарец за жртва за грев,

83. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Ахиреја, Енановиот син.

Броеви (4 Moj.) 7