Броеви (4 Moj.) 6:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Нека не се онечистува ни заради татка си, ни заради мајка си, брата си или сестра си, ако би умреле, зашто на својата глава го носи посветувањето на својот Бог.

8. Тој Му е посветен на Господа за сето време на своето назирејство.’

9. ‘Ако некој умре одненадеж покрај него, онечистувајќи ја на тој начин неговата посветена глава, нека ја избричи својата глава на денот на своето очистување - нека ја избричи на седмиот ден.

10. А на осмиот ден нека му донесе на свештеникот, при влезот на Шаторот на средбата, две грлици или две гулапчиња.

Броеви (4 Moj.) 6