Броеви (4 Moj.) 6:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. „Ова е Закон за назиреец, не сметајќи го она што би можела уште да принесе неговата рака. Ако освен своето назирејство ветил некаков дар, освен обредот на своето назирејство, нека направи како што се заветувал.”

22. Господ му рече на Мојсеја:

23. „Речи им на Арона и на неговите синови: ‘Благословувајте ги вака Израелевите синови, велејќи им:

24. „Господ нека те благослови и нека те чува!

25. Господ нека погледне на тебе со Своето светло лице и нека те помилува!

Броеви (4 Moj.) 6