Броеви (4 Moj.) 6:13-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. ‘Ова е Закон за назиреец: нека го доведат при влезот на Шаторот на средбата во денот кога ќе се исполни времето на неговото назирејство.

14. Нека Му донесе на Господа како свој принос: едногодишно јагне, без недостаток, за принос за грев; еден овен, без недостаток, за помирителна жртва;

15. натаму: кошница со пресни погачи од чисто брашно, замесени со масло и непотквасени колачи, намачкани со масло, со нивниот лебен принос и со налевница.

Броеви (4 Moj.) 6