Броеви (4 Moj.) 4:46-49 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

46. И така, сите избројани левити, кои беа избројани од Мојсеја и Арона и од Израелевите началници по нивните родови и семејства, од триесет години нагоре, до педесет години,

47. сите кои беа способни за прислужување во работите и за службата на пренесување во Шаторот на средбата,

48. беа осум илјади пет стотини и осумдесет.

49. Според заповедта што Господ му ја даде на Мојсеја, секого го внесоа во пописот според она во што служеше и што пренесуваше. Беа избројани како што Господ му заповеда на Мојсеја.

Броеви (4 Moj.) 4