Броеви (4 Moj.) 35:6-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Од градовите што ќе им ги дадете на левитите, шест ќе бидат градови-засолништа, што ќе ги отстапите за да може убиец да избега таму. Кон овие придајте уште четириесет и два града.

7. Така, сите градови, што ќе им ги отстапите на левитите, ќе бидат четириесет и осум со нивните пасишта.

8. А од градовите што ќе ги одвојувате од сопственоста на Израелевите синови, земете повеќе од оние, кои имаат многу, а помалку од оние, кои имаат малку.”

9. Натаму Господ му рече на Мојсеја:

10. „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Кога ќе преминете преку Јордан во Ханаанската Земја,

11. определете си градови што ќе ви служат како градови-засолништа, каде може да избега убиец, кој убил некого од несакање.

Броеви (4 Moj.) 35