Броеви (4 Moj.) 33:37-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. Тргнаа од Кадис па расположија шатори во гората Ор, на границата на Едомската Земја.

38. По Господова наредба свештеникот Арон се искачи на гората Ор и таму почина во првиот ден на петтиот месец, во четириесеттата година по излезот на Израелевите синови од Египетската Земја.

39. Арон беше на сто и дваесет и три години кога умре на планината Ор.

40. Арадскиот цар, Хананеец, кој живееше во ханаанскиот крај Негев, чу за доаѓањето на Израелците.

41. Отидоа од гората Ор и расположија логор во Салмон.

42. Заминаа од Салмон и се настанија во Финон.

Броеви (4 Moj.) 33