Броеви (4 Moj.) 33:13-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Откако отидоа од Дофка расположија шатори во Елус.

14. Тргнаа од Елус и се настанија во Рафидин. Таму народот немаше вода да пие.

15. Заминаа од Рафидин и се настанија во Синајската Пустина.

16. Тргнаа од Синајската Пустина па се настанија во Киврот Атави.

17. Отпатуваа од Киврот Атави и оптегнаа шатори во Асирот.

18. Тогаш отидоа од Асирот и расположија шатори во Ритма.

Броеви (4 Moj.) 33