Броеви (4 Moj.) 33:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова се патувањата на Израелевите синови што ги поминаа кога излегоа од Египетската Земја по своите полкови, под водство на Мојсеја и Арона.

2. По Господова повелба, Мојсеј го опиша нивното патување по нивните престојувања, и еве ги застанките на нивните патувања:

3. тргнаа од Рамес во првиот месец. Беше петнаесеттиот ден на првиот месец - утреден по Пасхата - кога Израелевите синови се запатија со подигнати раце и пред очите на сиот Египет,

Броеви (4 Moj.) 33