Броеви (4 Moj.) 32:34-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Гадовите синови ги изградија: Девон, Атарот и Ароир,

35. Атрот-Софан, Јазир, Јогвеј,

36. Вет-Нимра и Вет-Аран, утврдени градови и огради за стадата.

37. Рувимовите синови ги изградија: Есевон, Елеалиј, Киријатаим,

38. Нево, Валмеон - на кои им ги изменија имињата - и Сивма. И им дадоа имиња на градовите што ги изградија.

39. Синовите на Махир, синот Манасиев, отидоа во Галад и го освоија, и ги протераа Аморејците кои беа таму.

40. Мојсеј му го предаде Галад на Манасиевиот син Махир и тој се насели во него.

41. А Манасиевиот син Јаир отиде па ги зазеде нивните села и ги нарече „Јаирови Села.”

Броеви (4 Moj.) 32