Броеви (4 Moj.) 32:32-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Ние ќе отидеме вооружени пред Господа во Ханаанската Земја, но недвижниот имот на нашето наследство нека ни биде од оваа страна на Јордан.”

33. И така Мојсеј ним - на Гадовите синови, на Рувимовите синови и на половината од Манасиј, племето на синот Јосифов - им ги даде: царството на аморејскиот цар Сион и царството на васанскиот цар Ог; земјата со градовите во нивните меѓи, градовите на соседната земја.

34. Гадовите синови ги изградија: Девон, Атарот и Ароир,

35. Атрот-Софан, Јазир, Јогвеј,

36. Вет-Нимра и Вет-Аран, утврдени градови и огради за стадата.

37. Рувимовите синови ги изградија: Есевон, Елеалиј, Киријатаим,

38. Нево, Валмеон - на кои им ги изменија имињата - и Сивма. И им дадоа имиња на градовите што ги изградија.

39. Синовите на Махир, синот Манасиев, отидоа во Галад и го освоија, и ги протераа Аморејците кои беа таму.

40. Мојсеј му го предаде Галад на Манасиевиот син Махир и тој се насели во него.

41. А Манасиевиот син Јаир отиде па ги зазеде нивните села и ги нарече „Јаирови Села.”

42. Потоа Новах отиде и ги зазеде Кенат и неговите подрачја, па го нарече со своето име Новах.

Броеви (4 Moj.) 32