Броеви (4 Moj.) 30:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Но ако нејзиниот маж и забрани, кога ќе чуе за тоа, со тоа се укинуваат нејзиниот завет и ветувањето што излезе непромислено од нејзината уста. И Господ ќе и прости.

9. А завет на вдовица, или на разведена жена, и сите обврски што ги презела врз себе, важат за неа.

10. Ако се заветува или обврзе на ветување со заклетва додека е во куќата на својот маж,

11. па ако нејзиниот маж чуе и ништо не и рече, ако не и забрани, полноважен е секој нејзин завет и полноважно е секое нејзино ветување со кое се обврзала.

Броеви (4 Moj.) 30