Броеви (4 Moj.) 3:7-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. нека ги исполнуваат неговите должности и должностите на целото општество пред Шаторот на средбата, и нека ја вршат работата околу Шаторот.

8. Нека се грижат за сиот намештај во Шаторот на средбата, за должноста на Израелевите синови, и нека ја исполнуваат службата во Шаторот.

9. Дај им ги левитите на Арона и на неговите синови. Израелците нека му ги подарат целосно.

10. Постави ги Арона и неговите синови да ја исполнуваат својата свештеничка должност. А странец кој би се приближил до тоа нека биде погубен.”

11. Господ му рече на Мојсеја:

12. „Ете, Јас ги земам Левиевците од среде Израелците место сите првороденци - место оние кои ја отвараат мајчината утроба кај Израелевите синови. И така, Левиевците се мои!

13. Имено, Мене Ми припаѓа секој првороденец. Во оној ден кога ги поразив сите првенци во Египетската Земја; си ги посветив Себеси сите првенци во Израел и од луѓето и од животните. Тие се Мои. Јас Сум Господ.”

14. Господ му рече на Мојсеја во Синајската Пустина:

15. „Изврши попис на Левиевите синови по нивните семејства и родови; изброј ги сите машки од еден месец и повеќе.”

Броеви (4 Moj.) 3