26. потоа за завесите во дворот, за завесата на влезот во дворот што е околу Шаторот и жртвеникот, за нивните јажиња и за сè друго што спаѓа во таа служба.
27. Од Каат произлегуваат: Амрамовиот род, Исаровиот род, Хевроновиот род и Озииловиот род. Тоа се родовите на Каатовците.
28. Кога беа избројани сите машки од еден месец нагоре, ги имаше осум илјади и шест стотини. Тие се грижеа за Светилиштето.
29. Каатовите родови поставуваа логор од јужната страна на Шаторот.
30. Елисафан, синот Озиилов, беше глава на родовите во Каатовиот дом.