Броеви (4 Moj.) 27:9-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Ако нема ни ќерка, предајте го наследството на неговите браќа.

10. Ако нема ни браќа, предајте го неговото наследство на браќата на неговиот татко.

11. Ако татко му нема браќа, дајте му го неговото наследство на најблискиот роднина од неговиот род: нека ја земе тој во сопственост. Тоа нека им биде законска одредба на Израелевите синови, како што Господ му заповеда на Мојсеја.”

Броеви (4 Moj.) 27