Броеви (4 Moj.) 27:16-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. „Господ, Бог на духовите на секое тело, нека постави човек над ова општество,

17. кој ќе излегува пред него, кој ќе врви пред него, кој ќе го изведува и воведува, така што Господовата заедница да не биде како стадо што нема пастир.”

18. „Земи го Исуса, синот Навинов!” - Господ му рече на Мојсеја. „Тоа е човек во кого има Дух. Положи ја твојата рака на него!

19. Тогаш одведи го пред свештеникот Елеазар и пред целото општество, па дај му наредба пред нивните очи!

20. Предај му дел од твојата власт, за да го слуша целото општество на Израелевите синови.

21. И нека му се обратува на свештеникот Елеазар и нека го праша него за одлуките, со посредство на Урим пред Господа. На негова заповед нека излегуваат и на негова заповед нека влегуваат: тој и сите Израелеви синови со него, и целото општество.”

22. Мојсеј направи како што Господ му заповеда: го зеде Исуса па го постави пред свештеникот Елеазар и пред целата заедница.

23. Потоа ги положи своите раце на него и му ги даде заповедите, како што Господ заповеда преку Мојсеја.

Броеви (4 Moj.) 27