Броеви (4 Moj.) 26:49-55 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

49. од Есер родот на Есеровци и од Селим родот на Селимовци.

50. Тоа се родовите на Нефталиевците. По нивните родови беа запишани четириесет и пет илјади и четири стотини.

51. И така, запишани Израелци имаше шест стотини и една илјада и седум стотини и триесет.

52. Господ му рече на Мојсеја:

53. „На овие нека им биде разделена земјата во наследство според бројот на нивните имиња.

54. На поголемиот број зголеми му го наследството, а на помалиот намали му го неговото наследство; секому нека му биде дадено неговото наследство според бројот на запишаните.

55. Но земјата нека биде поделена со жрепка; нека биде примена во наследство според дедовските племенски имиња.

Броеви (4 Moj.) 26