Броеви (4 Moj.) 26:42-52 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. Овие се Данови синови, по нивните родови: од Самеј родот на Самеевци. Тоа се Дановите синови, според нивните родови.

43. Од сите родови на Самеевците беа запишани шеесет и четири илјади и четири стотини.

44. Асировите синови, по нивните родови: од Јамин родот на Јаминовците; од Јесуј родот на Јесуевците и од Вериј родот на Вериевците.

45. Од Вериините синови: од Ховер родот на Ховеровци и од Мелхил родот на Мелхиловци.

46. На Аировата ќерка името и беше Сара.

47. Тоа се родовите на Асировите синови. Нив ги запишаа педесет и три илјади и четири стотини.

48. Нефталимовите синови, по нивните родови: од Асил родот на Асиловци; од Гуниј родот на Гуниевци;

49. од Есер родот на Есеровци и од Селим родот на Селимовци.

50. Тоа се родовите на Нефталиевците. По нивните родови беа запишани четириесет и пет илјади и четири стотини.

51. И така, запишани Израелци имаше шест стотини и една илјада и седум стотини и триесет.

52. Господ му рече на Мојсеја:

Броеви (4 Moj.) 26