Броеви (4 Moj.) 26:37-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. Тоа се родовите на Ефремовите синови, според нивното пребројување: триесет и две илјади и пет стотини. Тоа се Јосифови синови, по нивните родови.

38. Венијаминовите синови, по нивните родови: од Вела родот на Велинци; од Асвил родот на Асвиловци; од Ахирам родот на Ахирамовци;

39. од Суфам родот на Суфамовци и од Уфам родот на Уфамовци.

40. Велини синови беа: Адер и Наман. И така, од Адер родот на Адеровци, а од Наман родот на Намановци.

41. Тоа се Венијаминовите синови, по нивните родови. Нив ги запишаа четириесет и пет илјади и шест стотини.

Броеви (4 Moj.) 26