Броеви (4 Moj.) 22:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Ослицата, забележувајќи го Господовиот Ангел, се стисна покрај ѕидот и ја притисна до ѕидот Валаамовата нога. Тој пак почна да ја бие.

26. Господовиот Ангел тргна напред па застана на тесно место, каде не можеше да сврти ни десно ни лево.

27. Кога ослицата го согледа Господовиот Ангел, легна под Валаама. Валаам се налути и почна да ја бие ослицата со стап.

28. Тогаш Господ ја отвори устата на ослицата, па таа му проговори на Валаама: „Што ти сторив па ме биеш веќе трипати?”

29. Валаам и одговори на ослицата: „Затоа што ме навреди! Да имам меч во раката, сега ќе те убиев!”

Броеви (4 Moj.) 22