Броеви (4 Moj.) 20:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Мојсеј го зеде жезалот од пред Господа, како што му нареди.

10. Потоа Мојсеј и Арон го собраа народот пред карпата, па Мојсеј им рече: „Чујте, бунтовници! Дали ќе ви извадиме вода од карпава?”

11. И Мојсеј ја подигна раката и удри со жезалот двапати по карпата: потече многу вода, па заедницата и нејзиниот добиток пиеја.

12. А Господ им рече на Мојсеја и на Арона: „Бидејќи немавте вера во Мене, за да ја јавите Мојата светост пред очите на Израелевите синови, вие нема да го воведете народов во земјата, што му ја давам.”

Броеви (4 Moj.) 20