Броеви (4 Moj.) 2:27-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. До него нека постави логор Асировото племе. Началник на Асировите потомци е Фагаил, синот Ехранов.

28. Неговата војска брои четириесет и една илјада и пет стотини запишани.

29. Потоа Нефталимовото племе. Началник на Нефталимовите потомци е Ахиреј, синот Енанов.

30. Неговата војска брои педесет и три илјади и четири стотини запишани.

31. Сите запишани во Дановиот логор се сто педесет и седум илјади и шест стотини. Тие нека тргнуваат последни под своите знамиња.”

32. Тоа се избројаните Израелци според татковските домови. Сите избројани во логорите, по нивните чети, се шест стотини и три илјади и пет стотини и педесет.

Броеви (4 Moj.) 2