Броеви (4 Moj.) 16:43-48 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

43. Тогаш Мојсеј и Арон отидоа пред Шаторот на средбата.

44. И Господ му рече на Мојсеја:

45. „Оддалечете се од заедницата; ќе ги погубам во еден миг!” Но тие паднаа на своите лица.

46. Потоа Мојсеј му рече на Арона: „Земи кадилница, стави оган од жртвеникот во неа, сложи темјан и побрзај до заедницата, па застапи се за неа, зашто Господовиот гнев избувна, и злото почна!”

47. Арон зеде што му рече Мојсеј и отрча среде собранието, а кога таму: поморот почнал веќе меѓу народот.

48. Потоа застана меѓу мртвите и живите, и злото запре.

Броеви (4 Moj.) 16