Броеви (4 Moj.) 16:35-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Но оган избувна од Господа и ги голтна двеста и педесетте луѓе кои принесуваа темјан.

36. Господ му рече на Мојсеја:

37. „Кажи му на Елеазар, синот на свештеникот Арон да ги отстрани кадилниците од пожариштето, зашто се осветени, а неосветениот оган од нив нека го распрсне подалеку.

38. Кадилниците на оние кои згрешија и кои со гревот го закопаа животот нека се прековат во плочки за обложување на жртвеникот. Имено, беа донесени пред Господа, па се осветени. Нека им бидат опомена на сите Израелеви синови!”

Броеви (4 Moj.) 16