Броеви (4 Moj.) 16:32-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. земјата ја отвори својата утроба и ги проголта со нивните домови, со сите Корееви луѓе и со сиот нивен имот.

33. Живи слегоа во подземјето, тие и сè нивно. Потоа земјата се затвори над нив, и тие исчезнаа од собранието.

34. На нивниот писок сите Израелеви синови, кои стоеја околу нив, избегаа, говорејќи: „Да не нè проголта и нас земјата!”

35. Но оган избувна од Господа и ги голтна двеста и педесетте луѓе кои принесуваа темјан.

36. Господ му рече на Мојсеја:

37. „Кажи му на Елеазар, синот на свештеникот Арон да ги отстрани кадилниците од пожариштето, зашто се осветени, а неосветениот оган од нив нека го распрсне подалеку.

Броеви (4 Moj.) 16