Броеви (4 Moj.) 15:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. А принесувајќи овен, принеси и лебен принос: две десетини ефи пченично чисто брашно, измешано со една третина ин масло;

7. принеси и вино за налевница третина ин за благоугоден мирис на Господа.

8. Ако Му принесуваш на Господа јунец како паленица или како закланица, за да исполниш завет или како помирителна жртва,

9. тогаш покрај јунецот нека се принесат: три десетини ефа пченично чисто брашно, измешано со половина ин масло,

10. а за налевница принеси половина ин вино, како паленица за пријатен мирис на Господа.’

Броеви (4 Moj.) 15