Броеви (4 Moj.) 15:34-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Го ставија под стража, зашто уште не беше одредено што треба да се прави со него.

35. „Човекот треба да биде погубен! - му рече Господ на Мојсеја. Сето општество нека го затрупа со камења надвор од логорот.”

36. Целата заедница го изведе надвор од логорот и го каменува, и тој загина, како што Господ му заповеда на Мојсеја.

37. Господ му рече на Мојсеја:

38. „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: Нека прават реси на рабовите на своите облеки, од род до род; а за ресата на секој раб нека врзуваат сина врвца.

Броеви (4 Moj.) 15