Броеви (4 Moj.) 15:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. и кога ќе почнете да Му принесувате жртва на Господа: паленица или закланица, жртва заветница или доброволна, или принос по повод вашите празници - правејќи така од крупниот или од ситниот добиток пријатен мирис за Господа -

4. жртвоприносникот нека го принесе својот дар на Господа: лебен принос од десет ефи чисто брашно, измешано со четврт ин масло.

5. Покрај паленицата или покрај закланицата принеси четвртина ин вино за налевница на секое јагне.

6. А принесувајќи овен, принеси и лебен принос: две десетини ефи пченично чисто брашно, измешано со една третина ин масло;

Броеви (4 Moj.) 15