Броеви (4 Moj.) 15:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Ќе и биде простено на сета израелска заедница, а така и на странецот, кој живее среде нив, зашто целиот народ згреши од незнаење.’

27. ‘Ако згреши поединец од незнаење, нека принесе едно женско јаре годиначе како жртва за грев.

28. И свештеникот ќе направи покривање на гревот за човекот, кој згрешил неволно од незнаење, и ќе биде чист, и ќе му биде простено.

29. Кога некој ќе згреши од невнимание, нека ви важи еден закон и за домородецот и за странецот, кој живее среде вас.

30. Но оној кој направи нешто волно, било да е роден во татковината или странец, тој хули на Господа. Таквиот нека биде истребен од својот народ,

Броеви (4 Moj.) 15