Броеви (4 Moj.) 14:20-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. „Им проштавам, на твојот збор - рече Господ.

21. Но Јас Сум жив и со Господовата слава е полна целата земја!

22. Сите кои ги видоа: Мојата слава и знаците што ги направив во Египет и во пустината, па сепак ме искушуваа десетпати не сакајќи да го послушаат Мојот глас,

23. нема да ја видат земјата што со заклетва им ја ветив на нивните татковци; сите, кои Ме презираат, нема да ја видат.

24. А Мојот слуга Халев, зашто во него беше инаков дух и зашто ми беше послушен, Јас ќе го воведам него во земјата во која влезе, и неговите потомци ќе ја наследат! (Амаликците и Ханаанците живеат во долината).

25. Вратете се утре и тргнете кон Црвеното Море.”

26. Уште Господ им рече на Мојсеја и Арона:

27. „До кога тоа лукаво општество ќе ропта против Мене? Ги чув оптужбите што Израелевите синови ги подигаат против Мене.

28. Кажи им: ‘Жив Сум Јас, вели Господ, како што зборувавте во Моите уши, така и ќе ви сторам.

Броеви (4 Moj.) 14