Броеви (4 Moj.) 14:12-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Ќе ги удрам со помор и ќе ги истребам, а од тебе ќе направам народ поголем и посилен од него.”

13. Тогаш Мојсеј Му рече на Господа: „Египетците сфатија дека Ти, со Твојата сила, го изведе овој народ отсреде нив.

14. Тие им го кажаа тоа на жителите на онаа земја. Веќе научија дека Ти си, Господи, среде овој народ, кому му се јавуваш лице во лице, и дека Ти, Господи, стоиш во облак над него, дека одиш пред него дење во столб од облак, а ноќе во столб од оган.

Броеви (4 Moj.) 14