Броеви (4 Moj.) 12:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А Маријам и Арон почнаа да зборуваат против Мојсеја заради неговата жена Етиопка, за која се ожени, зашто беше зел за жена една Етиопка.

2. „Зар Господ му зборува само на Мојсеја? - рекоа. - Зар не ни зборуваше и нам?” Господ го чу тоа.

3. Мојсеј беше мошне скромен човек, најскромен човек на земјата.

4. И Господ им рече веднаш на Мојсеја, на Арона и на Маријам: „Вие тројцата јавете се во Шаторот на средбата.” Тие тројца се јавија.

5. Господ слезе во облачен столб и застана при влезот на Шаторот. Ги повика Арона и Маријам. Кога тие истапија напред,

6. Господ рече: „Чујте ги Моите зборови: Ако се најде пророк среде вас, Јас му се јавувам нему во видение, му говорам на сон.

Броеви (4 Moj.) 12