Броеви (4 Moj.) 11:19-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Нема да го јадете само еден ден, ни пет дена, ни десет дена, ни дваесет денови;

20. туку цел месец, сè додека не ви избие низ носалките и не ви се згади, зашто Го отфрливте Господа Кој е среде вас, мрморејќи пред Него со зборовите: „Зошто воопшто излеговме од Египет?!”‘„

21. „Народот во кој се наоѓам - одговори Мојсеј - има шест стотини илјади пешаци, а Ти велиш: ‘Ќе им дадам месо да јадат цел месец.’

Броеви (4 Moj.) 11